Опасен отпад

Екоцентар 97 соработува со некои од најголемите индустриски компании во Северна Македонија кои се главни генератори на опасен отпад.

background image

Постапка за отстранување на опасен отпад

Во соработка со нашите партнери од Австрија, Германија, Франција и Швајцарија, Екоцентар 97 може да понуди решение за деконтаминација и ремедијација на загадени локации (органско загадување, тешки метали и сл.), идентификација на непознат опасен отпад, постапување со жива или радиоактивен отпад.

icon

Идентификација и изнаоѓање на решение за третман на опасен отпад;

icon

Преземање и сортирање на опасен отпад;

icon

Транспорт на опасен отпад со ADR возило;

icon

Препакување на опасен отпад;

icon

Складирање на опасен отпад во магацин со контролирана температура;

icon

Подготовка и поднесување на документација за извоз и уништување на опасен отпад;

icon

Советодавни услуги во врска со постапување со опасен отпад;

icon

Управување со ризик.

image

ДОКУМЕТАЦИЈА

При секое преземање на опасен отпад, клиентот добива комплетна документација согласно законските прописи и тоа:

  • checkmark icon
    транспортен формулар;
  • checkmark icon
    заверен товарен лист;
  • checkmark icon
    идентификационен формулар;
  • checkmark icon
    кантарска белешка;
  • checkmark icon
    фактура;
  • checkmark icon
    записник за преземање.

По потреба може да се изготви и методологија за постапување со одреден тип на отпад. Во случај кога опасниот отпад е предмет на извоз, постројката за уништување исто така издава Сертификат од Уништување (Certificate of Destruction) или друг документ кој служи како доказ за правилно постапување на отпадот.

Опрема

Екоцентар 97 поседува соодветна опрема за ракување со различни типови на опасен отпад, вклучуваjќи: aнти-статички пумпи, пластични и иноксни танквани, мобилно анти-статичко осветлување.

Екоцентар 97 користи преносливи детектори за гас MSA ALTAIR 5 Multi-gas и Honeywell BW Ultra Multi-Gas Detector кои што детектираат присуство на експлозивни гасови, токсични гасови, испарливи органски соединенија, неоргански соединенија и друго.

При работа со опасен отпад, овие детектори континуирано се користат со цел да се избегнат несакани последици по здравјето на луѓето и животната средина. Вработените поседуваат заштитна анти-статичка опрема (целосно одело, ракавици, чизми), гас маски со филтер за заштита од органски и неоргански гасови и пареи, киселински гасови, сулфур диоксид (SO2), Амонијак (NH3) и негови деривативи.

Контактирај Не
image

Опасен отпад е отпадот што содржи супстанции кои имаат едно или повеќе својства како што се: експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност итн. Како резултат на опасните супстанции кои ги содржи опасниот отпад тој претставува сериозен ризик за животната средина и здравјето на луѓето ако со него не се постапува правилно и безбедно.

ПОСТАПКА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОПАСЕН ОТПАД

LoremIpsum360 ° е бесплатен онлајн генератор лажни текст. Таа обезбедува комплетен текст симулатор за да се генерираат на текстот за замена или алтернативен текст за вашите модели.

  • Прва фаза

    Идентификација и класификација на отпад

    Со цел да се одреди метод и цена за уништување на опасниот отпад, потребно е точно да се идентификува за каков тип на отпад се работи. Првичното идентификување се врши врз основа на Безбедносен Лист (MSDS) и/или хемиска анализа доставена од страна на клиентот. Во следен чекор се одредува потеклото на отпадот односно дали се работи за неискористени хемиски производи со поминат рок, за отпад настанат при одреден процес и сл. Исто така важно е да се одреди дали отпадните хемикалии се измешани со други супстанци (вода, масло, растворувачи, други опасни супстанци) бидејќи тоа влијае на изборот на метод на уништување, а со тоа и на цената.

    Контактирај не
    image
  • Втора фаза

    Одредување на метод на уништување/неутрализирање и одредување на инсенератор

    Во втората фаза се доставува барање до нашите партнери од Франција, Германија, Швајцарија и Австрија со цел да се одреди кој инсенератор може да го прифати и соодветно да го уништи отпадот. По добивање на цени и услови, се избира најповолна понуда. Процесот на идентификување на отпад и подготвување на понуда може да трае од неколку дена до неколку седмици.

    Контактирај не
    image
  • Трета фаза

    Одредување на пакување за меѓународен транспорт

    При транспорт, опасниот отпад мора да биде во соодветно пакување со цел да се избегне можно излевање или испарување, а воедно и да се запазат законските регулативи. Опасниот отпад се пакува строго во пакување со UN ознака. Транспортот на опасен отпад се врши само со регистрирано АДР возило и го извршува возач со АДР дозвола.

    Контактирај не
    image
  • Четврта фаза

    Преземање и складирање на опасен отпад

    Пред да се изврши преземање потребно е да се дадат информации во врска со моменталната состојба на отпадот (пристапност до отпадот, пакување, изложеност на надворешни услови и сл.). Потоа опасниот отпад се препекува соодветно и се складира во магацин со контролирана температура наменет само за опасен отпад.

    Контактирај не
    image
  • Петта фаза

    Подготвување и поднесување на документација за извоз и транзит на опасниот отпад

    Најголем дел од опасниот отпад мора да се извезе и уништи/согори во инсенератор во странство. Во согласност со македонската и европската законска регулатива, потребно е да се подготви многу обемна документација и истата треба да се поднесе до соодветните институции во државата на извоз, во транзитните држави и во државата крајна дестинација. Екоцентар 97 има искуство со поднесување на документација за Нотификација за прекугранично движење на отпад и спроведување на постапката за извоз на опасен отпад. Оваа постапка може да трае неколку месеци сметајќи од поднесувањето на документацијата до соодветните институции на сите засегнати држави.

    Контактирај не
    image