Анализа со XRF спектометар
Компанијата поседува атестиран XRF Спектрометар уред за анализа на хемискиот состав на сите видови на легури.
Освен за своите потреби, Екоцентар 97 ги нуди овие услуги за потребите и на другите компании и физичките лица.
XRF Спектрометар е уред и служи за анализа на хемискиот состав на сите видови на метали со точност и прецизност од 99%.
Ова е една од најдобрите аналитички техники за извршување на елементарна анализа на сите видови примероци, без разлика дали треба да се анализираат течности, цврсти материи или прашоци. Спектрометарот комбиниранајголема точност и прецизност со едноставна и брза подготовка на примерокот за анализа на елементи од берилиум (Be) до ураниум (U) во опсегот на концентрација од 100% до нивото на под-ppm.
Отпадните кабли се значаен ресурс за идно производство на нови материјали од иста или слична употреба.
Екоцентар 97 поседува атестиран XRF Спектрометар уред за анализа на хемискиот состав на сите видови на легури
Освен за сопствени потреби, Екоцентар 97 го користи XRF спектрометарот за изготвување на анализи за потребите на своите коминтенти и соработници. Цената на оваа услуга се формира врз основа на бројот на изготвени анализи, а компанијата издава потврда за изготвената анализа.