Eкоцентар 97

LoremIpsum360 ° е бесплатен онлајн генератор лажни текст. Таа обезбедува комплетен текст симулатор за да се генерираат на текстот за замена или алтернативен текст за вашите модели.

background image

Со искуството повеќе од 20 години, Екоцентар 97 денес има разновидна база на клиенти, вклучувајќи ги повеќето индустриски компании во земјата.

97

Факти за компанијата

97

Факти за компанијата

Денес Екоцентар 97 успешно соработува со голем број домашни и меѓународни компании. Екоцентар 97 има долгорочна соработка со големи компании од различни сектори како: енергетски сектор, метали и рударство, автомобилска индустрија, фармацевтска индустрија, производство на храна и пијалаци, телекомуникации, финансии, рафинерии и снабдувачи на гориво и др.

image
image

ИСТОРИЈА

Согласно потребите на пазарот, Екоцентар 97 низ годините ја има проширено и својата дејност.

На почетокот, основната дејност на компанијата беше собирање, селекција, примарна преработка и транспорт на секундарни суровини вклучувајќи необоени метали и обоени метали. Во соработка со долгогодишни партнери од Германија и Италија, најголем дел од отпадните метали се извезуваат. По донесувањето на Законот за управување со електричен и електронски отпад, отпадни батерии и отпадни тонери во Северна Македонија кој беше усвоен во 2012 година, компанијата основаше посебен сектор за складирање и преработка на овој вид опасен отпад. Дополнително, Екоцентар 97 има огромно искуство со рециклирање на отпадни возила и отпадни гуми, како и отстранување на акумулатори од автомобили. Препознавајќи дека сите овие материјали содржат опасни материи (тешки метали) за кои е потребен соодветен третман, а во исто време содржат компоненти што можат повторно да се употребат во производството, Екоцентар 97 разви дополнителни сектори за складирање и третман на вакви отпадни материјали. Во 2018 година, Екоцентар 97 основаше сектор за опасен отпад и разви мрежа на сигурни партнери за управување со опасен отпад низ цела Европа. Благодарение на соработката со најистакнатите постројки за третман и уништување на опасен отпад од Швајцарија, Германија, Австрија и Франција, Екоцентар 97 може да најде соодветно решение за најразлични типови на опасен отпад. Во моментот, Екоцентар 97 е водечка компанија за управување со опасен отпад во земјата и опслужува голем дел од индустриските компании.

01

1997

Основање на Екоцентар 97

02

2012

Сектор за ее-отпад 03

03

2013

Прв ISO сертификат 04

04

2015

Сектор за рециклириње на батерии и акумулатори

05

2018

Сектор за опасен отпад

image

Мисија

Мисијата на Екоцентар 97 е да биде иновативен и сигурен партнер за своите клиенти и да обезбеди професионални и квалитетни услуги.

Со тоа, ние и нашите клиенти заедно рециклираме и учествуваме во заштита на животната средина. Мисијата ја остваруваме преку континуирана обука на нашите вработени, следење на светските трендови и имплементирање на нови, иновативни практики.

Визија

Визијата на Екоцентар 97 е чиста животна средина кон која се стремиме преку намалување на количеството на отровни и опасни материјали во природата, како и нивните негативни ефекти врз животната средина.

Нашата компанија се залага за рециклирање, бидејќи со тоа отпадот да се претвора во ресурс корисен во производство на нови материјали. Со цел да промовира здрав начин на живот, нашата компанија дава поддршка за многубројни културни манифестации и спортски настани како велосипедизам, планинарење, бокс, фудбал и ракомет.

image